Актерката со стомачето успеа да ги збуни сите: Или се одвишок килограми, или можеби трето бебе?!

Пишува: Точка

Хали Бери (50) викендов беше дел од “Chrysalis Butterfly” балот во Калифорнија. Актерката овојпат уште еднаш ни докажа дека сака со својот стил да се разликува од останатите, избирајќи сребрен фустан во којшто се појавила на забавата, останувајќи му со тоа верна на својот уникатен моден вкус. Меѓутоа, овојпат нешто сосема друго беше во прв план...

Холивудската ѕвезда е добро позната по својата одлична и витка линија, па стомачето коешто викендов јасно беше видливо изненади многумина. Или убавата Хали добила неколку килограми “одвишок” или пак можеби е повторно бремена?



Актерката дури во еден момент ги ставила и своите раце на стомачето и со тоа привлекла уште поголемо внимание на својот изглед. Па, дали Хали како својата колешка Ума Турман ќе биде уште една “лажна” трудница во низата?



Ума пред неколку месеци го покажа своето стомаче во костим за капење. “Бремена е!” – говореа тогаш многумина, но нејзиното рамно стомаче на Канскиот филмски фестивал им стави стоп на сите трач вести.

А ако сепак се испостави дека кај Хали Бери состојбата е поинаква, тоа ќе биде нејзина трета бременост. Актерката од врската со Габриел Обри ја има ќерката Нала, а од бракот со поранешниот сопруг Оливие Мартинез го има синот Матео.


No comments

Powered by Blogger.