БиХ ограбена за пет пенали: Еве што направил "најдобриот судија на светот" на мечот помеѓу Босна и Грција

Пишува: Точка

Никола Рицоли во изборите за италијански судија на годината владее како Јувентус на табелата на Серија А, два пати е прогласен за најдобар судија во светот, а водел и некои од најважните натпревари: Финалиња на Европа Лига, Лига на Шампиони и Светско првенство.

По професија е архитект, а вчера на натпреварот помеѓу Босна и Херцеговина и Грција во квалификациите за СП, "проектирал и направил" гостите да заминат од Зеница без пораз.

На натпреварот кој повеќе личел на ММА, а не на фудбалски, полн со валкани работи, грубости и на крајот зачинет со кафанска тепачка во која Стефане Гили, помошниот тренер на БиХ, го удрил грчкиот репрезентативец Јанис Џаниотас со нога, а потоа го нокаутирал со десница и му скршил два заба, Рицоли бил во главната улога.

Тој доколку од пет сомнителни ситуации во казнениот простор на Грција досудел барем еден пенал, ќе ја снемало нервозата кај покрадениот домаќин и кај грубите и валкани гости.

Како и да е, погледнете го видеото и уверете се самите како Рицоли пред голот пропуштил да казни: играње со рака на Манолас, играње со рака на Донис, фаул на Манолас над Ибишевиќ, заедничкиот фаул на Манолас и Папастатопулос над Џеко...

No comments

Powered by Blogger.