Зошто сте секогаш гладни?

Постојано сте гладни? Ќе каснете и по 15 минути повторно ви се јаде. Ќе грицнете нешто и веќе размислувате што ќе јадете подоцна, но зошто е тоа така?



Досадно ви е. Психолозите потврдуаат дека кујната е местото каде најчесто се врткаме кога немаме што да правиме, па наеднаш кујната и фрижидерот ги претвораме во работа. Да, работа ни е цел фрижидер да го изедеме.

Тешко ви е или ве ‘мавнала’ депресија и наместо да посегнете по некој пријател и разговарате за вашите проблеми, наоѓате утеха во храната.

Хроничниот стрес го зголемува нивото на кортизол кој ве прави гладни и ве тера да се прејадете во борбата против она кое ве изнервирало. Кога јадењето би било спорт, сите би имале мускули.



Не појадувате или појадокот го поместувате на пладне. Мислејќи си дека сте заштедиле некоја калорија, почнувате да воведувате трета вечера во 2 по полноќ.

Не внесувате доволно протеини, а тие ве прават сити и ве спречуваат да се прејадете. Но, затоа, се давите во грицки и шеќер иако знаете дека напразно редите калории и сало на себе.



Тоа што постојано ви се јаде можно е да се должи на неурамнотежени минерали и хормони во вашето тело. Ниските нивоа на серотонин и допамин се чести причинители на глад.

Не пиете доволно вода, а не се ни наспивате. Наместо да се прејадувате, пијте вода и чистето го вашето тело од токсини. Навечер легнете си на време и дозволете му на телото да се одмори од толку мислење за храна.

No comments

Powered by Blogger.