Бред Пит се обвинува себеси за разводот од Џоли: Искрено за разводот, пиењето и децата



Холивудскиот актер Бред Пит конечно си ја отвори душата по разводот со Анџелина Џоли и тоа за познатиот магазин GQ. Тој призна дека неговото "патување" кон распадот на нивната врска "сам го предизвикал"..

Брад Пит се обвинува себеси за настаните кои доведоа до неговиот развод од Анџелина Џоли - во првото јавно интервју по нивната разделба.

53-годишниот Пит овој месец се појави во магазинот GQ стил и зборуваше за сè, од детството и фактот дека бил израснат од страна на преродбени христијански родители до неговиот новооткриен интерес во терапија - тој оди до таму што признава дека користел алкохол и дрога за да ја преброди ситуацијата.



Таткото на шест откри дека тој е на терапија за неговото ментално здравје уште откако неговата сопруга поднела барање за развод во август, 2016-та година, но вели дека патот кој водел кон нејзината одлука "сам си го предизвикал".



"Јас славно зачекорив во г*мна - барем мене ми изгледа прилично епски", изјавил за магазинот за мажи.



"Многу често ја кажувам погрешната работа, и тоа најчесто на погрешно место и во погрешно време... се обидувам да станам подобар. Навистина се обидувам да се подобрам. Знаете, самошто започнав да добивам терапија. Го обожавам тоа. Поминав преку двајца терапевти за да дојдам до вистинскиот..."


Интервјуто исто така се осврна и на осаменоста на Бред - тој и Анџелина имаа стресна битка за старателството врз своите деца кога таа прв пат ги поднесе документите за развод - и Пит призна што направил за да се чувствува подобро.

"Станувам секое утро и палам оган. Кога си легнувам, исто така палам оган - прави да почувствувам живот. Чувствувам живот во куќата", изјавил актерот.



Додека Бред негираше дека неговото неодамнешно однесување е резултат на средовечна криза, тој призна дека се потпирал на алкохол и дрога и претходно.



"Не можам да се сетам на ниту еден ден откако излегов од колеџ кога не сум бил напиен или не сум бил на некоја дрога", изјави Пит и продолжи "Престанав со сето тоа освен со алкохолот, кога го добив семејството. Но дури минатава година, знаете, имаше работи со кои не можев да се справам. Па премногу пиев. Тоа стана проблем."



Оттогаш тој го заменил алкохолот со сок од брусница и газирана вода, шегувајќи се дека сега го има "најчистиот уринарен тракт" во Лос Анџелес, но призна дека бил "професионален пијаница".

Бред ја споменува Анџелина Џоли само еднаш директно за време на целото интервју, но зборува и за тоа дека неговата улога како татко е многу променета откако нивните деца не се со него постојано.





"Децата се толку деликатни. Тие впиваат сè. На нив им е потребно некој да ги држи за рака и да им ги објаснува нештата. Им треба некој кој ќе ги слуша. Кога сум во оној зафатен режим на работа, не ги слушам. Би сакал да се подобрам и во ова. Морам да бидам подобар за нив. Морам да им покажам. До сега не бев добар во ова."



За среќа, тој и Анџелина дојдоа до споразум околу посетата на децата, но Бред вели дека разводот го почувствувал како смрт. "Доколку сакаш некого, ослободи го... сега знам што значи ова, го чувствувам. Значи да сакаш некого без да мислиш дека го поседуваш. Значи дека не очекуваш ништо за возврат од него. Ова не значеше ништо за мене, знаете... бар се додека не го доживеав."



No comments

Powered by Blogger.