Српски медиумски могул во војна против Вучиќ: "Се борам против највалканиот диктаторски режим во историјата на Србија"

Пишува: Точка

Сопственикот на српски "Kurir" и лидер на "Media Group", Александар Родиќ, најавил дека влегува во политиката.

Објавил отворено писмо во кое го нападнал претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Така на насловната страна на денешното издание на "Kurir" било објавено дека Родиќ влегува во политиката, одлучен да ја спаси земјата од најлошиот диктаторски режим во историјата на државата.

Покрај фотографијата од Родиќ, кој претходно изјавувал дека Вучиќ ги контролира сите медиуми во државата, објавена е и паролата - "Србија се крева".



Граѓаните на Србија се контролирани и поробени

"Изманипулирани, исплашени и осиромашени се денес граѓаните на Србија. Контролирани и поробени во држава која е заробена од една партија, СНС. Владеењето на Александар Вучиќ е симбол на манипулација, закани и корупција", го започнал своето писмо Родиќ, пренесува Kurir.

Истакнал дека сите молчат, од образование, здравство, правосудство, интелектуалците...

"Само студентите нешто се обидоа", рекол тој и додал: "Време е да се застане на патот на оваа лажна реалност во која живеат граѓаните на Србија. Да се прекине еутаназијата на еден народ која им се случува незабележително додека се лажат со измислени успеси".



Тоа е најлош режим во историјата на Србија

"Имам храброст! Храброст да влезам во борба со највалканиот и најлош диктаторски режим во историјата на Србија, предводен од најголемиот манипулатор Александар Вучиќ. Што имам што Вучиќ нема? Имам знаење, способност да создавам и затоа денес ја предводам најголемата медиумска куќа на Балканот", напишал Родиќ.

На крајот порачал дека членовите на неговата партија ќе бидат чувари на сопствената слобода и дека ќе потсетуваат секојдневно дека со демократијата владее народот. "Секогаш на страната на народот, тоа е нашиот слоган", вели тој.

No comments

Powered by Blogger.