Полицијата во Манчестер го бара синиот куфер на терористот Абеди

Полицијата во британскиот град Манчестер интезивно ги бара куферите на терористот Салман Абеди, осомничен за атентатот од концертот на Ариана Гранде и појасни дека информацијата е поврзана со неговата локација во периодот меѓу 18 и 22 мај.



“Продолжуваме да ги следиме последните чекори на Абеди, а особено не интересира каде бил во периодот од 18 до 22 мај. Објавивме и слика на која Абеди влече голем куфер и слика на сличен куфер. Познато ни е дека е посетувал еден од реоните во градот, а потоа со овој куфер бил во центарот“ се вели во соопштението на полицијата.

На сликата е маж, облечен во темна кратка јакна и сива бејзбол капа кој влече голем син куфер на четири тркала. Од полицијата велат дека за време на нападот Абеди не бил со овој куфер.

“Немаме основа да сметаме дека куферот претставува опасност, но ако имате информации за него, пријавете. Не се приближувајте до куферот и ако го видите јавете се во полицијата “, се вели во соопштението.

No comments

Powered by Blogger.