Трамп во танцот на мечевите

Судискиот крал Салман бин Абдулазиз му приреди изненадување на американскиот претседател Доналд Трамп кој е во дводневна посета на Ријад.Трамп го прифати предизвикот и расположен ја заигра традиционална игра со мечеви.



Според Reuters, Трамп со меч в рака им се придружил на мажите облечени во традиционална облека, кои пееле и ги држеле сабјите кренати високо.

Заедно со Трамп играле и државниот секретар Рекс Тилерсон, советниците Рајнс Прибус и Стивен Бенон.
Трамп вчера допатува во Саудиска Арабија и ова е негово прво патување во странство откако стапи на должноста претседател на САД.

No comments

Powered by Blogger.