Мистериозните откритија за кои науката сѐ уште нема одговор, а би можеле да ја променат историјата


Се претпоставува дека историјата се базира само врз пишани документи. Меѓутоа, тоа е само мал дел од она што го знаеме за неа. Дури и денес наоѓаме докази за нови факти кои би можеле да го променат текот на историјата. Ова се некои од нив..

Село на џинови во Перу

Кога Шпанците за прв пат пристигнаа во Перу, конквистадорот Педро Сијеза де Леон детално опишал се' што видел во книгата "Хроники од Перу"..

Меѓу другите податоци, тука се нашла и легендата за џиновите кои пристигнале со големи бродови и биле два пати повисоки од просечниот човек.

За себе изградиле големо село со големи бунари, а Де Леон тврди дека сето ова го видел со своите сопствени очи. Покрај тоа, истакнува дека го видел и черепот и забите на џиновите, тешки 200 грама.

Храмот на египетската божица во Индија



На западниот брег на Индија постои храм на божицата Патини, а во него постои и посебна одаја посветена на египетската божица Изида.
Римски меч во Канда

На островот Oak во Канада, тв-екипа случајно наишла на нешто неочекувано - римски меч. Тоа само укажува дека Римјаните можеби пристигнале во Северна Америка 800 години пред Викинзите. Но тоа не е единствената чудна работа која е пронајдена - тука се и римските могили, парите од Картагина и натписите на латински, и сето ова е од пред 1.800 години.





Според теоријата, Римјаните и Картагинците наводно ја истражувале Северна Америка, па тоа би требало да ја промени историјата за првите луѓе на Западот кој го откриле овој континент.
Мајмунската коска во Ирска

На ридот Тара во Ирска постои чудна гробница. Коските се внимателно наредени во неа но не им припаѓаат на луѓе туку на мајмуни.

И тоа не се единствените мајмунски коски во Ирска бидејќи постојат и некои кои се стари и до 2.300 години.
Според легендата, група странци дошле во Ирска со магични коски. А според проценката на експертите станува збор за Египќаните. ДНК-ка тестот од коските од ирско потекло открил дека имаат предци од Блискиот Исток.
Белите џинови од Северна Америка

Во далечната 1857-ма година, еден припадник од племето Команче ја раскажал приказната за белите џинови високи три метри и многу помоќни од белците кои сега живеат таму.

Тие ги протерале Индијанците од нивните живеалишта, ги убиле и ја зазеле нивната територија. На овие простори бил пронајден и грчки медалјон кој ја потврдува приказната на Индијанецот дека "бели луѓе доаѓале на неговата земја", но не и дека биле баш џинови.

И племето Чоктака има слична легенда, но верува дека станува збор за грчки истражувачи.

No comments

Powered by Blogger.