Уапсен "Принцот на Црна Гора и Македонија": Како Чернетиќ успеа да го измами целиот свет

Пишува: Toчка

Стефан Чернетиќ бил приведен во Италија бидејќи со години се претставувал како "Принц од Црна Гора и Македонија". Тој на овој начин измамил многу богати луѓе, живеејќи на нивна сметка.

Чернетиќ измислил сосема лажен кралски идентитет, притоа наведувајќи цели генерации во неговото семејно стебло. На неговиот профил на Фејсбук може да се види дека присуствувал на многу елитни забави. Лажниот идентитет го користел за да седи на иста маса со други кралски семејства, да присуствува на гала-вечери, важни спортски манифестации.  
Чернетиќ, како пренеусваат италијанските медиуми, се возел со „Мерцедес“ на кој имало знамиња на Црна Гора, а стоеле и лажни дипломатски ознаки.



Меѓу оние кои успеал да ги измами се принцезата Ирена, актерката Памела Андерсон, но и еден шеик со кој бил на Ф1 трката во Монако.



Не само што ја измамил, Чернетиќ и ја натерал Памела да клекне пред него и да ја прими титулата "Грофица од Санта Марија".



Неговата игра ја откриле вработените во македонската амбасада во Италија, откако "принцот" направил голема сметка во елитен ресторан, а истата била проследена во амбасадата.



Со Чернетиќ обвинет бил и италијански државјанин кој се претставувал како амбасадор на Македонија во Италија. Се работи за лице кое претходно било обвинувано за лажно претставување и измама.


No comments

Powered by Blogger.