УЈП и финансиската полиција ќе влезат во МПМ

Пишува: НОВАТВ
Финансиската полиција и УЈП ќе го испитуваат работењето на Медиа принт Македонија, откако отпуштените новинари од Вест, Утрински и Теа Модерна вчера побараа овие институции да реагира по допрен глас и да ги проверат сите финансиски трансакции, објави Телма.

-УЈП е запознаена со барањата на новинарите на МПМ, односно претставката пристигната на адреса на Управата во врска со овој случај ќе биде разгледана. Како и во сите случаи на пријави или претставки, УЈП ќе постапи согласно своите надлежности или во крајна линија ќе бидат информирани надлежни органи за постапување, соопштиле од УЈП.

По обелоденувањето на документи од 2015 година, според кои директорката и една од поранешните сопственички на „МПМ“, Јана Станисављева, месечно добивала плата од 25.000 евра и плус надоместок од 1 милион и 345.000 денари, Синдикатот на новинари и медиумски работници, ЗНМ и новинарите од МПМ се сомневаат дека има индиции за криминални активности од страна на менаџментот на фирмата. Новинарите се уверени дека фирмата свесно била финансиски уништена, а вработените избркани од работа.

Новинарите бараат и јавниот обвинител, Марко Зврлевски, да отвори истрага за работењето на компанијата „Медиа принт Македонија“.

No comments

Powered by Blogger.