Братот на напаѓачот од Манчестер подготвувал атентат врз член на ОН

Шефот на мисијата на ОН за помош на Либија, Мартин Коблер бил мета на напад на џихадистичка ќелија во која член бил помалиот брат на напаѓачот од Манчестер, пишува британскиот „The Telegraph”.



Нападот требало да се изврши претходно оваа година за време на посетата на Коблар во Триполи. Дипломатски извор прецизира дека нападот бил спречен.

Либиските сили за безбедност со месеци ја следат групата во која Хашим Абеди, 20-годишниот брат на Салман е учесник. Џихадистите планирале да создадат експлозивна направа и да ја користат против конвојот на Коблер.

No comments

Powered by Blogger.