Преостануваат уште малку денови: Земјотресот којшто би можел да однесе илјадници животи

Пишува: Точка

Водечките светски стручњаци за земјотреси испратиле алармантна опомена дека раседот Сан Андреас би можел да се наоѓа на работ на разорен земјотрес којшто би ги погодил подрачјата на Лос Анџелес и јужна Калифорнија.

Томас Џордан, директор на Центарот за земјотреси во Јужна Калифорнија изјавил дека раседот веќе се наоѓа во критична состојба и дека земјотресот би можел да се очекува многу наскоро.

Калифорнискиот расед Сан Андреас е меѓу најголемите раседни линии на Земјата, со должина од околу 1300 километри. Тој се наоѓа на границата помеѓу Северноамериканската и Пацифичката тектонска плоча и од 1857-та година и земјотресот со магнитуда од 7.9 степени според Рихтеровата скала немало посилен земјотрес на тоа подрачје. Со своите карактеристики, раседот Сан Андреас претставува една од најопасните геолошки структури на Земјата, a формирањето на самиот расед се објаснува со теоријата на тектоника на плочи.




Раседот е еден од многуте коишто ги раздвојуваат тектонските плочи коишто се движат во приближно иста насока кон север, но Пацифичката тектонска плоча е за нијанса побрза, што значи дека помеѓу нив постојано се создава голем стрес. Џордан опоменал дека состојбата во системот Сан Андреас е исклучително напната.

- Јужниот дел од раседот изгледа како да е затегнат и подготвен за пукање, изјавил во говорот на конференцијата за земјотреси во Калифорнија.

Тој ги пофалил и напорите на челниците во Лос Анџелес коишто работат на тоа за градот колку што е можно поподготвено да ја дочека евентуалната катастрофа. Се работи на зајакнување на конструкциите на постарите објекти, а се зајакнува и системот за снабдување со вода, како и телекомуникационата инфраструктура. Сепак, последиците од разорниот земјотрес би можеле да бидат огромни.


Сценариото коешто е објавено уште пред 8 години предвидува дека во случај на земјотрес со јачина од 7.8 степени според Рихтер, на овој дел од раседот би имало дури 1.800 мртви лица, а материјалната штета би изнесувала околу 213 милијарди долари.

No comments

Powered by Blogger.