Ова е вистинската причина поради која Меланија и Иванка се покриле со црн вел во Ватикан

Пишува: Точка

Меланија и Иванка не ризикувале со облеката за време на средбата со папата.

Првата дама и првата ќерка на САД, Меланија и Иванка Трамп, носеле вел кога биле во посета на Ватикан, и притоа се запознале со папата Франциско. Тие се придржувале до правилата за облекување за приватна аудиенција кај папата, следејќи ја долгата традиција на првите дами пред нив.
"Според протоколот на Ватикан, жените кои имаат средба со папата се обврзани да носат долги ракави, црна облека и вел кој им ја покрива главата", рекла Стефани Гришам, директорка за комуникација на првата дама.

Според пишувањето на британски Telegraph, жените кои ќе се сретнат со папата традиционално мора да носат црна облека, долги ракави и мантил, вел од чипка кој се носи во Римокатоличката црква. Некои католички кралици и принцези смеат да носат бело. Но, папата Франциско е поблаг кога станува збор за правилата за однесување.



"Работите станаа малку порелаксирани во последните неколку години, не постојат цврсти и брзи правила", рекол портпаролот на Ватикан за Telegraph.

Сепак, Меланија и Иванка не ризикувале со облеката при средбата со папата.



"Моето мислење е дека госпоѓа Трамп е облечена совршено. Беше елегантно облечена во склад со настанот", рекол новинарот на BBC Дејвид Вили.



Протоколот е покомпликуван за првите дами кога ја посетуваат Саудиска Арабија. Во оваа муслиманска земја жените мора да ги покријат своите глава, но во текот на нивната посета тоа не се случило. Мишел Обама, исто така не носела марама во текот на посетата на Саудиска Арабија.


No comments

Powered by Blogger.