Бомбашот снимен како се подготвува за нападот?

Пишува: Точка

Објавени биле фотографии кои наводно го покажуваат бомбашот од Манчестер додека се подготвува за нападот.

Безбедносните камери снимиле маж, за кого се претпоставува дека е Салман Абеди, бомбашот самоубиец, во моментите откако го купил ранецот во шопинг центарот Арндејл.



Снимките настанале три дена пред да биде извршен нападот по концертот на Аријана Гранде во Манчестер.

Абеди во ранецот носел сокриена импровизирана бомба со шајки со која убил вкупно 22 лица.



Лицето на снимките е облечено во темна облека, а се смета дека слично бил облечен и Абеди во моментот на нападот.

Фотографиите на кои се гледаат делови од бомбата и ранецот во кој се наоѓала, ги објавил американски New York Times.



Поради протекување на информации во американските медиуми, кои први го објавиле името на бомбашот, британската полиција одлучила да ја сопре размената на информации со САД.



BBC наведува дека манчестерската полиција се надева дека наскоро ќе биде воспоставена нормална размена на разузнавачки податоци.



Салман Абеди бил во Германија четири дена пред нападот, јавува денес Sky News, повикувајќи се на германски разузнавачки извори. Како што се наведува, Абеди бил во Дизелдорф, кој се наоѓа на 480 километри западно од Берлин.

No comments

Powered by Blogger.