Димитров и Иванов на средба со балканските лидери

Претседателите на поранешните југословенски републики, на Косово и на Албанија ќе се соберат денес во Брдо кај Крањ на состанок во рамките на процесот Брдо-Бриони. Од Македонија на состанокот ќе присуствува претседателот Ѓорѓе Иванов, но за првпат државата ќе ја преставува и новиот министер за надворешни работи Никола Димитров, кој најави нова политика кон соседите.



Доаѓањето на Димитров особено го нагласија српските медиуми поради неговата оценка дека Србија се меша во внатрешните работи на Македонија и дека ќе гледа да го реши случајот со српскиот агент во македонскиот Парламент без голем скандал. Од српска страна на состанокот ќе бидат претседателот Александар Вучиќ и шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ од кои српските медиуми очекуваат во Брдо да ја договараат новата српска влада.

Брдо-Бриони процесот е инициран од страна на Словенија и Хрватска во 2013 година, за да се стабилизира ситуацијата и да се зајакне соработката во регионот на Западен Балкан. Специјален гостин на настанот ќе биде претседател на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер.

Се очекува Штајнмаер да ја нагласи потребата за приближување на земјите од регионот кон ЕУ и кон европските вредности и зајакнување на меѓусебната соработка

No comments

Powered by Blogger.