Чудна дупка фотографирана на Марс ги збуни научниците

Mars Reconnaissance Orbiter на НАСА откри чудна дупка на површината на Марс. На снимката се гледаат многу плитки дупки и светли остатоци од леден јаглерод диоксид, но се гледа и длабока кружна формација која продира низ лед.



Научниците од НАСА не знаат за каква дупка станува збор, единствена можност е да станува збор за кратер по удар на астероид или слична појава. Фотографијата е направена на јужната хемисфера на планетата.

Многу работи можат да бидат заслужни за ваквиот површински слој на Марс, удари од метеори, вулкански активности и слично. Научниците на НАСА се надеваат дека ќе ја откријат мистеријата за оваа дупка преку понатамошни проучувања.

No comments

Powered by Blogger.