Најново руско шпионско оружје или супер-моќ на Путин? Оваа снимка од рускиот претседател го запали интернетот

Пишува: Точка

Снимката на која рускиот претседател Владимир Путин поздравува гулаб кој минува покрај него, предизвикала општ хаос на социјалните мрежи.

Веднаш на социјалните мрежи почнале да се појавуваат нови снимки, а почнале да шират и теории на заговор за тоа како гулабот од снимката всушност е прототип на најсовременото технолошко достигнување кое се користи за шпионирање.

На снимката која го запали интернетот се гледа како рускиот претседател за време на посетата на изложбата на староверските култури во Рогошкиот духовен центар поздравува гулаб кој стои на патот. Сето тоа не би било чудно ако гулабот не возвратил на поздравот.

Некои фанови на Путин отишле и толку далеку што велат дека рускиот претседател е семоќен и дека може да разговара со животни.

No comments

Powered by Blogger.