Бермуди од чипка – за мажи! (фото)

Пастелни и проѕирни, најновите машки бермуди се изработени од тантела,а предизвикаа лавина од реакции на социјалните мрежи.



Во последно време, на мажите навистина не им е лесно, барем кога се модните трендови во прашање. A, по сѐ изгледа, дизајнерите за машка мода и сѐ повеќе позајмуваат инспирација од женскиот гардеробер.

Ако може да се суди по последниот контроверзен изум, веројатно припадниците на посилниот пол ги очекува чипкаста и проѕирна сезона.
Имено, додека импресиите од кратките комбинезони за мажи ни се сѐ уште свежи, пристигна нов шокантен модел што претендира комплетно да им ја преземе „славата“.



Станува збор за проѕирните и чипкасти панталончиња во пастелна палета на бои, а кои претставуваат модна креација на брендот „Hologram City“ од Лос Анџелес.

Покрај бермудите, достапни се и кошули од истиот материјал, па може да се искомбинираат, а цената на двата производа изнесува по 49 долари за парче.



Секако, интернет корисниците не останаа имуни на трендот, па веднаш изреагираа и го исмеаа, но сигурни сме дека ниту овој производ нема да остане без свои купувачи.



А, дали и колку добро изгледаат чипканите бермуди на мажи - проценете сами!


No comments

Powered by Blogger.