Рано утринава уапсен напаѓачот на Зијадин Села заедно со неговиот татко

Пишува: Точка

Рано утрово е уапсен Кире Георгиевски, главниот осомничен за нападот врз Зијадин Села, пратеник и лидер на Движењето за реформи на ДПА, објави Коха.

Првоосомничениот за нападот врз Зијадин Села, Кире Георгиевски, рано утрово бил уапсен. Заедно со него е уапсен и неговиот татко, човек со мустаќи кој се гледа во првичните снимки кои ги објави Алсат-М.
Според МВР, на снимките од крвавиот четврток (27-ми април 2017) јасно се гледа како Кире го влече пратеникот Села по ходниците во Собранието.

По претресот во домот на Кире, полицајците успеале да најдат и да ја земат како доказен материјал облеката која осомничените ја носеле за време на крвавиот четврток, на која сè уште имало видливи траги од крв, како и три мобилни телефони во кои се надеваат дека ќе најдат телефонски разговори кои ќе помогнат во истрагата. Моментално осомничените татко и син се во полициска станица каде даваат изјава.



Во меѓувреме вчера, исто така е идентификувани трет напаѓач – лице со капа на главата, кој се гледа како го влече Зијадин Села. Лицето на овој човек не се гледа на снимките објавени од страна на медиумите. Станува збор за едно лице од Гостивар, но живее во населбата Ѓорче Петров во Скопје.

No comments

Powered by Blogger.