Наставничката Лидија објавила селфи на Фејсбук: Поради долниот дел од фотографијата била суспендирана, а сега дала и оставка

Пишува: Точка
Откако ја објавила оваа фотографија на својот профил на Фејсбук, била суспендирана од училиштето во кое работела.

39-годишната наставничка Лидија Фергусон, мајка на три деца од Велика Британија, била суспендирана од работа откако на Фејсбук објавила селфи на кое седи на работ на креветот во кратка бела тоалета. Нејзините ученици и натаму не ја прифаќаат одлуката за отказот, па започнале петиција во која бараат таа да се врати на работа. 


"Лично не гледам ништо непристојно во фотографијата. Секогаш сум ги почитувала правилата на социјалните мрежи, а имам и свое интерно правило - ако би ми било непријатно дека мојот дедо ќе види нешто што сум објавила, воопшто не го објавувам", вели оваа наставничка, пренесува Mirror.


Како што вели, не ни сонувала дека оваа невина фотографија ќе привлече толку внимание.



"Се експлодираше и излезе од контрола. Не го сакам повеќе овој стрес, не сум погодена само јас, туку и цело мое семејство", вели таа.



Од училиштето порачуваат дека на Лидија и бил врачен отказ без шанса да се врати на работа и дека нема што да додадат на таа тема, додека учениците и натаму бараат да се врати нивната наставничка.



"Нема ништо лошо во таа фотографија. Сите мислиме дека Лидија е прекрасна и не сакаме да ја изгубиме. Помогна на многумина во случаите со насилства во училиштето или проблеми во семејството. Кај неа одиме кога имаме проблем", вели еден од учениците.








No comments

Powered by Blogger.