Колачот без брашно и шеќер којшто прерасна во “светски хит”

Пишува: Toчка

Овој колач без брашно и шеќер прерасна во вистински светски хит за многу кратко време. Има малку состојки, се прави многу лесно и брзо, а рецептот ни доаѓа од Јужна Америка.

За подготовка се потребни следниве состојки:

• 4 јајца

• 2 портокали

• 200 гр ореви, бадеми, лешници или кокос

• половина мала лажичка сода бикарбона

• 100 гр темно чоколадо

• 200 мл неутрална павлака за готвење

Подготовка:

Портокалите најпрво потопете ги во раствор од сода бикарбона и оставете ги така да отстојат половина час. Потоа варете ги околу половина час, додека да омекнат.

Сомелете ги добро во блендер, додадете ги јајцата и претходно сомелените јаткасти плодови и додадете малку сода бикарбона.

Печете во претходно загреана рерна на 200 степени Целзиусови, околу 20 минути.

Сварете ја неутралната павлака па во неа додадете го чоколадото и мешајте додека да се стопи. Со оваа смеса прелијте го готовиот и претходно разладен колач.




Уживајте!

No comments

Powered by Blogger.