Пекол во црква: Калуѓерка им помагала на свештеници да силуваат глуви деца!

Пишува: Toчка

Католичката калуѓерка од Јапонија била уапсена и обвинета поради сомнение дека им помагала на свештеници сексуално да злоставуваат малолетници од специјално училиште за деца со оштетен слух во Аргентина.

42-годишната Косака Кумико, е обвинета дека помагала во силувања на десеттина деца, кои се случувале во тоалети, градини, спални соби и подрумот и училиштето во Лухан, на околу 1.000 километри од Буенос Аирес.



Случајот против Кумико бил отворен откако поранешен ученик ја обвинил дека го терала да носи пелени за да го покрие обилното крварење по ѕверското силување кое го извршил свештеникот Хорацио Корбачо, пишува Daily Mail.



Калуѓерката изјавила дека е невина, но сепак била ставена во притвор додека детективите работат на случајот. Кумико е обвинети и за физичко злоставување на деца.



Случаите со силување се одиграле во Институтот "Антонио Праволо" за деца со оштетен слух во провинцијата Мендоза.



Најмалку 24 деца од Институтот се јавиле и го обвиниле свештеникот Хорацио, потоа Никола Коради, неговиот помошник, и уште тројца мажи за сексуално злоставување, а неколку несреќни деца изјавиле дека биле силувани покрај икона од Богородица.



Корбачо и Коарди биле уапсени уште минатата година, а ако бидат прогласени за виновни ќе добијат по 50 години затвор. Коради и претходно бил обвинуван за злоставување во друго училиште во Верона, Италија.

No comments

Powered by Blogger.