Морничава исповед на мајка чии деца биле на концертот во Манчестер: „Бев очи во очи со убиецот“

 Пишува: Точка

Ема Џонсон од Престон отишла во Манчестер Арената за да ги земе своите деца после концертот на Аријана Гранде.

Таа тврди дека го видела убиецот само неколку секунди пред да ја активира експлозивната направа. Во терористичкиот напад животот го загубија 22 лица, од кои повеќето деца и млади, а уште 119 се повредени.

Мајката која ги чекала своите деца после концертот во Манчестер рекла дека го видела човекот кој убил 22 невини луѓе, повеќето деца и тинејџери. Ема Џонсон од Престон требала да ги собере својата 15 – годишна ќерка и 17 – годишниот син во фоајето.

Таа верува дека била оддалечена само пет метри од самоубиецот во моментот кога го извел бомбашкиот напад. Таа се сеќава на маж во интензивно црвена маица кој се истакнувал во толпата, бидејќи повеќето посетители носеле розова облека.



„Бев на пет метри од експлозијата. Ги чекавме децата да излезат и бевме во фоајето. Посетителите почнаа да излегуваат порано за да ја избегнат гужвата, па застанавме на страна за децата да можат да не` видат“, раскажала таа.

„Додека посетителите излегуваа, повеќето беа облечени во бои карактеристични за Аријана Гранде – бела, црна и розова. Потоа во еден момент во очи ми падна маж облечен во светло црвена маица, се гледаше како некои делови се издадени под неа. Токму во моментот кога го забележав, се случи експлозијата“, раскажала таа.

Мајката опишала дека бучавата од детонацијата била „многу гласна“ и додала дека шрапнели летале насекаде. „Насекаде видов мртви тела, торзо, делови од тела...“, раскажала Џонсон.

No comments

Powered by Blogger.