Животот во куќа од мрежи

Можеби фактот што никогаш нема да си го скршите палчето од прагот или мавнете рамото од ѕидот на заминување ќе ги натера најголемите скептици да се премислат и живеат во ваква куќа. Breathe, на нашки, е вистински “хотел промаја“.



Овој екпериментален дом дизајниран од страна на SO-IL е нивната слика за еден вид алтернативно живеење каде секоја соба не треба да има посебна намена туку има за цел да понуди различни атмосфери и доживување.



Идејата на дизајнерите е дека оригиналноста на оваа куќа ќе ја дефинираат различните материјали кои ќе ја заменат мрежата соодветно временските ограничувања на локацијата каде таа ќе биде изградена.



Breathe најверојатно би била совршена за летна куќичка или викендичка, но не и прв избор за дом.

No comments

Powered by Blogger.