Тереза Меј: Моите штикли инспирираа жена да стане политичарка

Се брои ситно до одржувањето на предвремените избори во Велика Британија и двете страни ги користат сите адути за да освојат гласови.



Премиерката Тереза Меј гостуваше во емисијата The One Show на BBC и сподели една неверојатна приказна за тоа како нејзините чевли биле инспирација за некоја жена да влезе во политичките води.



Меј тврди дека се возела во лифт со жената во Долниот дом на Парламентот.

„Ѝ реков дека има убави штикли и таа ми го возврати комплиментот и потоа ми рече: ‘Вашите штикли ме инспирираа да влезам во политиката’“, рече Меј.

Премиерката стана медиумска атракција уште пред нејзиниот избор на позицијата токму поради нејзините скапи и впечатливи чевли со високо потпетици, а неретко беше и мета на критики дека со нејзините скапи чевли го оттргнува фокусот од важните прашања.



По ваквата изјава, корисниците на социјалните мрежи воопшто не ја поштедија од критики.

Некои се шегуваа дека жената воопшто не постои, а други се сомневаа дека таквиот разговор воопшто се случил.

Локална владина советничка беше толку гневна за ваквата изјава на Меј што ја сподели нејзината приказна зошто влегла во политика:

„Штиклите на Тереза Меј инспирирале жена да влезе во политика? Јас влегов во политика бидејќи немавме скршен денар. Ама, кој како си ја наредил“, напиша Бриџид Џонс на Twitter.

Пирс Морган пак, вака реагираше на веста:

„Тереза Меј тврди дека млада жена влегла во политика бидејќи ‘ѝ се допаѓале нејзините чевли’. Ема Вотсон сигурно експлодира некаде во моментов“, алудирајќи на младата актерка и поборничка за правата на жените.

No comments

Powered by Blogger.