Иранскиот двојник на Меси заврши во затвор

Иранскиот студент Реза Парастеш предизвика сообраќаен метеж во градот бидејќи сите сакале да се фотографираат со двојникот на Лео Меси, па на крај морало да интервенира полицијата.



Парастеш завршил на информативен разговор во станица, а автомобилот му бил запленет.

Животот на овој 25-годишен Иранец се смени преку ноќ откако татко му му купил дрес на Барселона со името на Меси.

Реза неверојатно многу личи на Аргентинецот, особено откако ја смени и фризурата, а како што вели тој, не планира тука да застане.

„Луѓето ме доживуваат како Меси. Пресреќни се кога се фотографираат со мене и тоа ме прави мене среќен. Морам малку да поработам на фудбалските вештини за да бидам уште повеќе како него“, вели Иранецот и додава дека веќе има договорено многу интервјуа.

Rеза нагласува дека добил и неколку договори да работи како модел.

No comments

Powered by Blogger.