Интернетот целосно експлодираше кога се појави оваа фотографија со Доналд Трамп

пишува: точка

Фотографијата од Ријад на која американскиот и египетскиот претседател во друштво на саудискиот крал ги држат рацете на кугла, го збуни интернетот и предизвика лавина од урнебесни коментари. Трамп веќе почнаа да го споредуваат со злосторниците од цртаните филмови и стриповите.

Трамп, кралот Салман Бин Абдуласис и Абдел Фатах ел Сиси на фотографијата стојат со рацете ставени на минијатурна планета на манифестацијата по повод отворањето на Глобалниот центар за борба против екстремистичките идеологии. Американскиот претседател се наоѓа во Заливот во рамките на својата прва државничка турнеја.


Комплексот е изграден како штаб на Саудиска Арабија за разбивање на пораките на екстремистите со повеќе од 200 аналитичари на податоци, кои ги следат и анализираат он-лајн активностите во реално време.


Локалните медиуми известиле дека лидерите "ги поставиле своите раце на глобусот" со што официјално бил активиран центарот.


Сепак, во иронична смисла, фотографијата која настанала брзо добила и своја интернет приказна, а некои ја споредиле со Хидра, злосторничка организација која бара светска доминација во Универзумот на Марвел.



И ова не е прв пат да се повлече паралела помеѓу администрацијата на Трамп и Хидра. Hollywood Reporter во април известил дека страницата "hail-hydra.com" необјаснето била пренасочена на профилот на претседател Трамп на сајтот на Белата куќа.





Откако хаштагот #orb заживеал на Твитер, почнале и различни дискусии.



"Изгледа дека Трамп ќе ги уништи илуминатите од внатре", гласи еден од коментарите.

Еден од твитерџиите го споредил целиот настан со една епизода од "Ѕвездени патеки" од 1968. година, во која капетанот Кирк контролира вонземјанин во кугла.

No comments

Powered by Blogger.