Згодната водителка се обидела да го испровоцира Путин: Ѝ ја затворил устата со една реченица

Пишува: Точка

Телевизиската водителка од "NBC", Меган Кели, која била модератор на пленарното заседание на Петербуршкиот меѓународен економски форум, се обидела да "ја расчисти" приказната за митските руски хакери кои наводно влијаеле на изборите за претседател на САД минатата есен.

Таа седум пати го прашала претседателот на Русија, Владимир Путин, во врска со оваа тема, формулирајќи ги прашањата на различни начини. Рускиот лидер ги издржал "нападите" на 46-годишната Американка.

Кели прво ја интересирало мислењето на Путин за извештаите на американските специјални служби од кои увидела дека Москва учествувала во сајбер-напади кои влијаеле на победата на републиканецот Доналд Трамп на претседателските избори.

"А дали вие сте ги прочитале овие извештаи?", го интересирало рускиот претседател, на што целата салата изреагирала со смеење.

Убавата русокоса одговорила дека ја читала "јавната верзија". Рускиот претседател потоа ги споредил обвинувањата на сметка на Москва со сцената со копчиња и јакна од познатиот филм "Луѓе и манекени" од 1974. година, во кој игра актерот Аркадиј Рајкин. Путин констатирал дека јавната верзија на извештајот, всушност, нема содржина.

Тој нагласил дека во тие извештаи нема ништо конкретно, дека нема предмет за анализа. Путин уште еднаш ја прашал Кели дали ги читала документите, а на нејзината насмевка и молчење одговорил со: "Значи не сте ги читале. Јас ги читав. Ги читав тие извештаи. Во нив нема ништо конкретно, само претпоставки и заклучоци на основа на претпоставки", рекол тој. "Како зборуваа на едно место на кое работев: Адреси, појавувања, презимиња дајте. Каде е сето тоа?", се запрашал Путин.

Кога Кели повторно соопштила дека постојат докази за вмешаноста на Русија во сајбер нападите и некакви отпечатоци кои хакерите го иставиле зад себе, претседателот и објаснил дека со помош на современата технологија може за хакерски напад да се обвини и 3-годишната ќерка на модераторот на дискусијата. "Отпечатоци од копита, рогови? Какви отпечатоци? Престанете", рекол Путин.

Путин бил запрашан и што мисли за несогласувањата околу НАТО, по што уследил остар одговор, меѓутоа ни тоа не ја сопрело Американката. Таа го прашала индискиот премиер Нерандра Моди, кој седел покрај рускиот претседател, дали верува во тоа дека Русија не се меша во внатрешната политика на други земји.

Путин ја советувал тоа прашање да му го постави на претседателот на Молдавија, Игор Додон, што повторно предизвикало смеа во салата.



Индискиот премиер Моди со насмевка рекол дека не мисли дека Москва се меша во работите на другите држави.

Кели одлучила да пријде од друга страна, потсетувајќи на темата која во овој момент е омилена во Вашингтон - средбата на рускиот амбасадор Сергеј Кисљак со членови на тимот на Трамп, на која, наводно се зборувало за укинување на санкциите за Русија.

"Тоа, едноставно, е некаква хистерија и никако не може да сопре. Потребно е да ви се даде некоја таблета, не знам. Има ли некој таблета? Дајте таблета! Навистина, чесен збор. Мојот одговор е - не! Никакви договори немало, немало време ни да се започнат разговори. Амбасадорот се сретнал со некој! А што му е работа? Тоа е негова работа, за тоа добива пари. Тој мора да се состанува, да разговара за актуелни прашања, да се договара. Што треба тој таму да работи? Да оди по институции, а потоа поради тие посети да го избркаат од работа? Вие сте сосема полудени. Тоа е дипломатска служба", одговорил Путин.




Заокружувајќи ја темата за тоа кој на кого повеќе му се меша во внатрешниот живот, рускиот лидер изнел заклучок на темата.

"Тоа е систематско, и тоа неколкугодишно, грубо, апсолутно неприкриено, дури и на ниво на дипломатски ресор, мешање директно во нашата внатрешна политика. Погледнете што вашите колеги работат кај нас: тие едноставно зарија нокти во нашата внатрешна политика, на глава ни седнаа, ги потпреа нозете и џвакаат мастика. Завршувајте со ова", рекол Путин.

По овој монолог модераторката преминала на други теми.

No comments

Powered by Blogger.