Дали најопасниот потег на Трамп истовремено е и главен доказ за неговата врска со Русија?

Пишува: Toчка

Џејмс Коми, сега веќе поранешен директор на ФБИ, дознал дека претседателот на САД го отпуштил баш како и милиони други Американци: преку телевизија.

Овој потег на Доналд Трамп е окарактеризиран како најопасниот и најнепредвидлив во првите 100 денови од неговиот мандат. И CNN истакнува дека Трамп направил голема грешка, кој наведува дека сега дури и оние кои мислеа дека претседателот на САД нема никаква врска со Русија, ќе се посомневаат во тоа. Бидејќи, како поинаку да се објасни отпуштањето на толку висок функционер, неколку недели откако почнал да го истражува случајот на наводното мешање на Русија во американските претседателски избори?

Јавноста ја изгубила довербата, а противниците на Трамп добија моќно оружје во борбата против него во вид на потврда на нивните тврдења дека „претседателот нешто крие“.



Образложението за неочекуваниот отказ било се`, само не смислено: Луѓето од администрацијата на Трамп соопштиле дека Џејмс Коми „лошо ја водел истрагата за спорните мејлови на Хилари Клинтон“, и тоа во смисла дека бил „неправеден кон Клинтон“.

Овој изговор паѓа во вода ако се земе во предвид изјавата на Трамп за Коми непосредно откако победи на изборите.

„За ова што го направи тој потребна е голема храброст. Тој создаде истрага во период кога сите сакаа да ја прикријат, му благодарам на тоа. Сите сакаа да ја зачуваат Клинтон од криминално гонење, но тој постапи праведно“, беа пофалните зборови на Трамп на сметка на Коми на 22 јануари.

Оттогаш се променила само една работа: Џејмс Коми почнал да ги истражува врските помеѓу Доналд Трамп и Русија.

Писмото на Трамп (всушност на медиумите, на кои им го проследил писмото) во кое му соопштува на Коми дека е отпуштен има неколку реченици кои паѓаат во очи, како на пример оваа:

„Иако многу го ценам тоа што во три наврати ме информираше дека не сум под истрага, после консултацијата со Министерството за правда секако заклучувам дека не си способен да го водиш Бирото.“



Со овие зборови Трамп всушност го мислел следното: „Сакам сите да знаат што ми кажа ТРИ ПАТИ: дека не сум цел на истрагата за Русија. Се сеќаваш? Три пати ми го рече тоа. А, сега си отпуштен“, пишува CNN.

Постапките на Трамп не се само непредвидливи, туку и многу опасни. Отстранување на личноста која била директно овластена за водење и надгледување на најголемиот политички скандал во последниот половина век во САД – потенцијалното мешање на странски сили во изборниот процес на штета на еден кандидат (Хилари Клинтон) во корист на друг (Доналд Трамп), му изгледа многу, многу лошо на човек кој размислува со сопствена глава.

Што се однесува до Трамп, тој ја нарече лажна приказната за Русија, и тука се завршува секоја истрага.

No comments

Powered by Blogger.