Проблеми на денешницата: Жена паѓа два метри во подрум поради тоа што оди и пишува пораки на телефон

Пишува: Точка

Во 2017-та, сакале или не, сите ние сме залепени за нашите мобилни телефони, но постои едно непишано правило дека не треба истовремено да одите и да "зјапате" во телефон.

Замислете само колку чудно им изгледате на постарите генерации кои не ја фатија оваа, мобилна, "Facebook/Instagram" револуција.

Одење и пишување пораки на телефон е како да зборувате на телефон додека возите автомобил - треба да се воведе казна и за ова. Не поради тоа што можете да се мавнете во бандера не гледајќи каде одите, тоа си е ваше, туку на другите луѓе им попречувате пропино да сообраќаат - можете да се удрите во нив - или да им паднете во подрумот.

Една жена го демонстрираше витинкиот хаос кој може да ви се случи од "одење и "зјапање" во телефон" паѓајќи во отворен подрум.

 

Кутрата дама зачекорува во отворената врата и паѓа два метри во подрумот на бетонскиот под. Властите изјавија за ABC дека таа била толку расеана пишувајќи пораки на телефонот што воопшто не ги забележала вратите. Како и да е, нејзиниот син пак изјавил дека таа е и слепа.
Тој додал и дека кога прв пат го видел видеото неговото срце застанало за момент. "Можеби е повредена, ама барем е жива", изјавил.

Некоку моменти подоцна, работници од пожарната пристигнале да ја "спасат" од непријатната ситуација, вадејќи ја од подрумот на носилка. Таа сега е во стабилна состојба.

Наравоучение: Никогаш. Буквално никогаш, не "зјапајте" во телефон додека одите - не сакате да ве пишува по весници и медиуми на овој начин нели? А и не е баш најпријатно во болница.

No comments

Powered by Blogger.