Во новата сезона на Игра на тронови: Денерис пристигнува во Вестерос!



Многу нешта можат да се извлечат од новиот официјален трејлер за новата сезона на најуспешната серија на HBO - Game of Thrones.


Официјалниот трејлер за седмата сезона на "Игра на Тронови" конечно излезе, а тој ни открива многу работи кои не очекуваат во новата сезона - една од оние кои ги очекуваме со најголемо нетрпение.

Денерис Таргериен конечно пристигнува во Вестерос - да, и тоа го дочекавме! Серси Ланистер се подготвува за војна и најавува "Сите кои ќе ни застанат на пат ќе бидат поразени".



Џон Сноу е на ѕидот и се подготвува за најголемата битка некогаш против "Белите Шетачи", а се чини и дека змејовите во оваа сезона ќе имаат поголема улога отколку порано.

Според некои сцени од трејлерот веќе се шпекулира што би можеле да гледаме во новата сезона која ќе започне да се емитува на 16-ти јули, а една од нив е тоа дека Џон Сноу ќе дознае дека потекнува од Таргериен.



Има уште многу интересни новости кои не очекуваат во новата сезона со седум епизоди, погледнете го трејлерот.

No comments

Powered by Blogger.