Американците мислат дека Трамп е идиот, покажува нова анкета

Кој е првиот збор што им доаѓа на памет на Американците кога ќе се спомне името на Доналд Трамп?



Според резултатите од анкетата на Quinnipiac тоа е зборот „идиот“.

Анкетата во која биле опфатени 1.078 испитаници покажала дека 39 од нив мислат дека Трамп е идиот, што процентуално е најмногу во однос на другите одговори. „Некомпетентен“ е на второ место, а потоа следи „лажго“ со 30.

Резултатите од анкетата објавени вчера покажуваат дека е разнишана довербата во искреноста на претседателот, токму во неделата кога на претседателот му треба довербата на граѓаните повеќе од кога било.

Трамп завчера го отпушти директорот на ФБИ Џејмс Коми, а официјалната причина што ја наведе Белата куќа е тоа како Коми се справил со истрагата за е-поштата на Хилари Клинтон.

Анкетата покажа дека 61% од испитаниците сметаат дека Трамп не е искрен, што е повеќе отколку на 19 април кога тоа го мислеле 58 отсто од испитаниците.

Во прилог следи целосната листа на мислења за претседателот Трамп.

No comments

Powered by Blogger.