Макрон: Омразата кон жените е причина за опсесијата со тоа колку години има мојата сопруга

Новоизбраниот претседател на Франција Емануел Макрон се изјасни за општата опсесија околу возраста на неговата сопруга. Тој истакна дека мизогинијата (омразата кон жените) и хомофобијата се причина за шпекулациите дека тој не би можел да е заљубен во сопругата само заради тоа што е постара од него 24 години.



„Да бев јас 20 години постар од неа никој ниту во еден момент немаше да помисли дека ние двајца не би можеле да бидеме во врска. Ама само заради тоа што е таа постарата, велат дека оваа врска е неодржлива и дека е невозможна“, рече Макрон за весникот Le Parisien.

Макрон се оженил со Брижит Троње во 2007 година, кога таа имала 54, а тој 29 години.

Разликата во години е иста како меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија, но за таа разлика никој не зборува.

Макрон истакнува дека таквите шпекулации се резултат на омразата кон жените и традиционалните, хомогени погледи на светот на кои им робуваат луѓето.

„Има огромен проблем во претставувањето на општеството и местото на жените во тоа општество“, истакна Макрон,

Тој коментираше и за шпекулациите дека е хомосексуалец.

„Ова е резултат на хомофобијата во француското општество, а луѓето кои ги шират тие шпекулации немаат контакт со реалноста и имаат проблем со хомосексуалноста“, рече тој.

No comments

Powered by Blogger.