Јанакиески на распит во СЈО



Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески пристигна на распит во Специјалното јавно обвинителство.

Јанакиесвки е осомничен во случајот „Талир“ за злосторничко здружување и е обвинет за нарачување „шамари“ на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, случај за кој во тек е судењето.


Екс министерот Миле Јанакиески видно нервозен ја напушти просторијата на СЈО каде беше повикан на распит за случајот Талир, јавува репортерката на Фокус.

Тој истакна дека против него и останатите функционери на ВМРО-ДПМНЕ очигледно се водела политичка хајка.

– Продолжува политичката хајка против функционерите на ВМРО-ДПМНЕ. Хајката заедно ја спроведуваат СДСМ и СЈО. Денеска бев повикан бидејќи сум осомничен за тоа што сум ставил параф, рече Јанакиески додавајќи дека СЈО треба да покрене постапки против функционери на СДСМ за да докажеле дека се објективни.

No comments

Powered by Blogger.