Ариана Гранде со поддршка од момчето, ја продолжи турнејата во Париз

Ариана Гранде продолжи со својата турнеја, „Dangerous Woman“ , во Париз, за првпат после нападот во кој се случи во Манчестер на 22-ри мај 2017-та година.



23-годишната пејачка храбро застана уште еднаш на бината и запеа за своите бестрашни фанови.

Настапи со нејзините добро познати хитови, но ги додаде и оние кои ги отпеа на хуманитарниот концерт во чест на погинатите и повредените, како „Somewhere Over The Rainbow“, за уште еднаш да одаде почит на „ангелите“ кои го загубиле животот таа вечер.

Како поддршка, покрај неа пееше и нејзиното момче Мак Милер, за кое сè уште се шпекулира дека ја запросило, посебно поради прстенот кој го носеше Ариана на левиот домал прст.



Фановите имаа можност да уживаат во нејзиниот концерт, но пред да влезат сите индивидуално биле прегледани од обезбедувањето за да бидат сигурни дека нема да се случи уште еден напад.



Погледнете дел од песните кои ги отпеа и фотките од концертот:

No comments

Powered by Blogger.