Рибари од Јадранот извлекле риба-ѕвер: Во плиткото пред плажата пронашле ендемски вид

Пишува: Точка

Необичната риба која со изгледот потсетува на праисториски ѕвер, била уловена во близина на плажата во Улцињ. Станува збор за ендемскиот вид "Etmopterus spinax Linnaeus".

Двајцата улцињски рибари во Јадранот уловиле прилично необична риба за тоа поднебје. Имено, Нермин Алиќ и Фуад Горан рибата "костељ црнец" или "Etmopterus spinax Linnaeus", а ја уловиле кон крајот на април на мала длабочина пред плажата во Улцињ.

Дека станува збор за редок и ендемски вид потврдил и црногорскиот Институт за морска биологија, кој им се заблагодарил на морнарите.
"По лабораториските истражувања и земање на сите морфомеристички параметри, утврдено е дека станува збор за овој редок вид кој го населува исклучиво јужниот Јадран до длабочина поголема од 1.000 метри. Станува збор за риба која може да достигна максимална должина од 60 сантиметри. Ваквите примероци се многу интересни за понатамошните истражувања и покажуваат дека јужнојадранската котлина навистина е центар на биодиверзитет, со многу ретки и ендемски видови", стои во нивната објава на Фејсбук.
Српски Blic пак, пишува дека рибата потсетува на "некој мал праисториски ѕвер, или на чудовиште од "Осмиот патник"".

No comments

Powered by Blogger.