И како дете бил истиот хорор: Претседателот кој многумина го презираат

Пишува: Точка

Некои карактери не се менуваат никогаш... "Арогантен, заповедник со тенка кожа, одлучен но не премногу учтив со дамите" - вака го опишуваат во најновата биографија.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, како дете сакал да ги кубе девојчињата за коса, а имало и таква ситуација кога го гаѓал своето другарче со камен додека си играле на игралиште. Сезнајкото кој никогаш нема да признае дека погрешил, дури и се фалел дека му го уништил угледот на наставникот по музичко образование. Спортскиот фалбаџија кој копнее по аплауз, но решен е да ја скрши безбол палката од бес доколку не победи.
"Арогантен, заповедник со тенка кожа, одлучен но не премногу учтив со дамите", така било да се расне со Доналд Трамп за време на 50-тите години во предградието на Њујорк, пренесува Daily Mail. 45-тиот претседател на САД инсистира дека е истиот лик кој бил и како дете.
Според новата биографија на американскиот претседател, напишана од новинари на "Вашингтон Пост", повеќе од 10-тина луѓе кои го познаваат Трамп уште од дете велат дека авторот не греши.

Роден во јуни во 1946-та година, Трамп бил четвртото од петте деца на Фред Трамп, немилосрден инвеститор од Квинс и неговата сопруга од Шкотска, Мери - имигрантка која побегнала од сиромаштијата мажејќи се. Татко му бил строг, авторитетен кој дури и дома бил облечен во костим и вратоврска. Работохолик кој веќе бил богат кога се родил Доналд Трамп.
Тие живееле куќа од црвени цигли и 23 соби во наслебата Квинс во Њујорк. Имале приватен возач, готвач, телевизор во боја, домофон, два Кадилак автомобили со персонализирани таблички.... Доналд со својот италијански, тркачки велосипед со десет брзини предизвикувал завист кај локалните деца. Очигледно им оставил силен впечаток на своите соседи, соученици и наставници бидејќи повеќето од нив се уште можеле да се сетат барем на една анегдота околу Трамп дури 60 години подоцна.
Трамп со гордите родители

Еднаш кога топката на други деца од соседството завршила кај него во двор тој им се заканил дека ќе ги пријави во полиција. Кога како дете - Денис Брн мајка му го оставила во оградено игралиште во својот двор, по неколку минути видела како денешниот претседател на САД, кој тогаш имал околу 5-6 години, фрла камења врз него. Мајката го предупредила Денис да се држи понастрана од Трамп, воздржувајќи се да не му врзе шамар на насилникот.
Друго локално момче, Стивен Нактигал, изјавил дека никогаш нема да може да го заборави Доналд Трамо, "Гласниот насилник", кој во една прилика скокнал од својот велосипед оставајќи го да удри во друго момче. Тоа, според него, било страшно искуство во тие години.

Трамп со татко му по дипломирањето

Во приватното основно училиште не му требало долго време за да стане озлогласен насилник бидејќи се дружел со банда момчиња кои правеле немири на часовите и ги влечеле девојчињата за коса.
"Тој беше тврдоглав и одлучен. Седеше со прекрстени раце и со намуртен изглед на лицето, провоцирајќи ве да кажете нешто за да може да ве нападне", се присетува неговата поранешна учителка Ен Трис, а поранешниот другар на Трамп, по име Дито, се присеќава дека Трамп никогаш не признавал кога грешел и бил познат по тоа што не внимавал што ќе каже - зборувал се' што ќе му падне на ум.
Не веруваме дека многу се променил од тогаш до денес... барем не изгледа така.

Погледнете го видеото:

No comments

Powered by Blogger.