СДСМ: Најголема реформа на Груевски е што во најголема сиромаштија, тие станаа најбогата партија

Пишува: Фокус

„СДСМ како што се обврза пред граѓаните на Република Македонија, ќе предводи реформска Влада којашто ќе обезбеди достоинствен живот, правда и евро-атлантски перспективи за граѓаните и за Република Македонија, реагираат од владејачката СДСМ.

– Ќе има реформи што ќе обезбедат повисоки плати и нови работни места, преку државна поддршка на домашните претпријатија повисока од досега. Ќе има редовни субвенции и повисоки, од 160 милиони евра. Ќе има реформи во правосудството преку реизбор според најдобрите европски практики. Ќе има независни и професионални институции и медиуми – се наведува во партиското соопштение.

Од таму тврдат дека ќе бидат земени предвид сите забелешки во извештаите на Прибе и на Европската комисија и ќе бидат отворени евро-атланстките интеграции на Македонија.

– 11-годишното владеење на Никола Груевски донесе само излозација, сиромаштија, масовно иселување на граѓаните, заробени институции, криминал и корупција, ги сруши образовниот и здравствениот систем. Владдењето на Груевски и неговите соработници е најголемото антиреформско владеење во историјата на Македонија. Секој проект, секоја мерка што тие ги спроведуваа беа на штета на граѓаните и државата – продолжува понатаму во соопштението.

Според нив, најголемата реформа на Никола Груевски и неговите соработници било тоа што во време на најголемата сиромаштија, ВМРО-ДПМНЕ станала најбогата партија во Европа.

No comments

Powered by Blogger.