На девојчето кое морски лав го зграпчи и повлече во вода му се заканува сериозна опасност

Пишува: Точка

Девојчето прима антибиотици со цел да ја избегне опасната болест која може да се појави како резултат од бактериите на ова животно.

Таткото а девојчето вели дека таа има прилично сомнителна рана во долниот дел на грбот, поточно на местото каде што беше касната од морскиот лав.

"Нејзиното семејство во медиумските известувања за овој настан наишле на изјава од тренер за морски цицачи кои предупредува дека угризот од морскиот лав може да резултира со сериозна инфекција која води кон посериозни здравствени проблеми, па ни се јавија на нас", изјави потпаролката на аквариумот во Ванкувер, Деана Ленкастер.



Станува збор за бактериите кои живеат во устата на морските лавови и кои можат да предизвикаат артритис кај луѓето, а неретко имало и ампутација на екстремитети па во случај на угриз се препорачува антибиотска терапија, пишуваат CNN.

Станува збор за случајот кога шестгодишно девојче на пристаништето Стивенсон во близина на Ричмонд во Британска Колумбија восхитувајќи им се на морските цицачи беше нападната од морски лав кој ја повлече во вода. Повеќе за ова ТУКА.

No comments

Powered by Blogger.