Обама: Белата куќа е убав затвор

Поранешниот претседател на САД, Барак Обама, и неговата сопруга Мишел се сместија во својот нов дом во Вашингтон вреден 4,3 милиони долари, откако по напуштањето на Белата куќа уживаа на Девствените Острови.



„Сега навистина уживам во мојата куќа. Постојано се карам со Мишел за место во плакарот. Исто така, се обидувам да дознаам како работи апаратот за кафе”, изјави Обама пред новинарите во Милано, каде што одржа говор на конференција за храна.

Поголемиот дел од времето, вели тој, ја пишува својата трета книга и се подготвува за „следната фаза” на работа, која ќе го вклучи т.н. Претседателски центар Обама.

Куќата во која живее сега Обама има девет спални и осум бањи. Според зборовите на Обама, најтешка работа за претседателот на САД е што оваа функција е единствена во својата изолација.

„Товарот на лидерство е еднаков во секоја земја, но поради безбедносниот апарат околу претседателот на САД, живеете во таканаречен „ балон“. Тоа е многу убав затвор“, се пожали Обама.

Тој додаде дека е среќен што сега има малку повеќе слобода.

„Сега сум само заробеник на селфи,што е речиси исто толку лошо.”, се пошегува Обама.

No comments

Powered by Blogger.