Страшна аудио снимка: Провалникот во куќата на Сандра Булок имал намера да ја силува актерката

Пишува: Точка

Сандра Булок во 2014. година успеала да се извлече без потешки повреди, иако тефтерот кој бил во сопственист на провалникот јасно открил какви намери имал тој кон актерката.

Провалникот кој во 2014. година упаднал во домот на славната актерка Сандра Булок, пред еден месец бил осуден на пет години условно.

Меѓутоа, судијата одлучил дека оваа казна не е доволна, па донел одлука провалникот Џошуа Корбет да се лечи во ментална установа.



Адвокатот на Сандра Булок, Ед Мекферсон, ја споделил оваа информација со медиумите, велејќи дека бил пронајден тефтер на Корбет во кој напишал што ќе прави со Сандра.

Како што пишувало, Џошуа имал намера да ја силува Сандра, која при неговиот упад се сокрила во ормар од каде се јавила во полиција.

Слушнете го повикот на Сандра до полицијата.

No comments

Powered by Blogger.