Аријана Гранде ги посети повредените фанови пред утрешниот концерт во Манчестер

Американската пејачка Аријана Гранде ги посети во болница нејзините фанови кои беа повредени во терористичкиот напад по нејзиниот концерт во Манчестер минатиот месец.



Аријана ги посети ддецата во болницата Royal Manchester Children Hospital и ги изненади пред хуманитарниот концерт што ќе се одржи утре.



По посетата, таткото на едно од повредените девојчиња рече дека никогаш не ја видел ќерка си толку среќна.



Бомбашот-самоубиец Салман Абеди изврши терористички напад по нејзиниот концерт при што загинаа 22 лица, а десетици беа повредени.

Аријана стигна во Велика Британија вчера, а утре ќе одржи хуманитарен концерт за жртвите од нападот. Гости на концертот ќе бидат Џастин Бибер, Кејти Пери, Coldplay, Take That и Мајли Сајрус.








No comments

Powered by Blogger.