Убавата американска водителка ги раскажала своите впечатоци за Путин: Прво беше топол и мил, а потоа почна да ме напаѓа

Пишува: Точка

Според зборовите на Кели, во приватниот разговор Путин се однесува сосема поразлично отколку пред камерите.

Водителката на NBC News, Мегин Кели, која била модератор на Петербуршкиот меѓународен економски форум и му правела интервју на Владимир Путин, зборувала за впечатоците кои на неа го оставил разговорот со рускиот претседател.



Според зборовите на Кели, во приватниот разговор Путин се однесувал сосема поразлично отколку пред камери, пишува Sputnik.



"Тоа како да се две различни лица. Кога камерите беа исклучени, во приватниот разговор беше топол, многу внимателен, прашуваше за моето семејство и зборуваше за своето", вели Кели.



"Меѓутоа, кога се најде во кадар, стана претседателот на Русија кој сите го познаваме. Беше многу борбен. Не отстапување, се однесуваше агресивно и емоционално. На многу од прашањата, напаѓаше. Тоа беше Владимир Путин кој им се допаѓа на Русите", рекла новинарката.
Според мислењето на Кели, на претседателот на Русија всушност му се допаѓа кога е предизвикан. 

No comments

Powered by Blogger.