Актерка жестоко реагираше на објавен текст за диети со нејзина фотографија

Лена Данам наведе список со причини зошто ослабела, како реакција на текст за диети на славните на насловната страница на списанието Us Weekly објавен со нејзина фотографија.



Текстот „20 совети за диети за слабеење“ беше причина актерката од популарната ТВ-серија Girls да објави реакција на нејзиниот профил на Instagram.

Данам наведе дека „вознемиреноста“, „постојаното гадење“ и „изборите што ја открија вистинската длабочина на американската мизогинија“ се дел од причините зошто ослабела.

Списокот не завршува тука, како и нејзиниот гнев кон начинот на кој жените се третирани во медиумите.
„20. Немам совети и не давам совети и не сакам да бидам на оваа насловна страница бидејќи дијаметрално е спротивна на сѐ против кое сум се борела во мојата кариера и за мене не е комплимент бидејќи не го сметам за достигнување“, вели Данам.

No comments

Powered by Blogger.