Британски студент: Постои убава страна на Северна Кореја за која не зборува никој

Пишува: Точка

Новинарката од порталот на "BBC", Еленор Дан, во една неодамнешна статија известила за студентот кој на светот сака да му ја покаже и убавата страна на Северна Кореја.

Во продолжение пренесуваме детали од нејзината статија.

"Северна Кореја го плаши светот со своите нуклеарни тестови и заканите за бомбардирање. Баш затоа 24-годишниот студент Бенџамин Грифин сака да го запознае светот со луѓето кои живеат таму".

Кога прв пат дошол во Пјонгјанг, главниот град на Северна Кореја, како турист во 2013. година, очекувал дека ќе гледа војници на секој агол. Но, наместо тоа, се сретнал со најобично секојдневие, и луѓе кои работат, купуваат, јадат, танцуваат, и не се загрижени од САД и капитализмот.



Едукација

"Се вратил следната година, а станал и туристички водич на агенцијата со која прв пат допатувал, "Juche Travel Services". Организира "едукациска тура" на универзитетот Ким Ил Сунг за сите кои сакаат да ја запознаат Северна Кореја. Ќе се одржи во јули, а патниците ќе одат на разгледување и ќе учествуваат во активности како пливање, фолклор и фудбал, а ќе се запознаат и со жителите на Северна Кореја. Грифин вели дека во Северна Кореја и натаму постојат политички и други проблеми кои не може да се занемарат, но сеедно сака да ги запознае посетителите со човечката страна на таа држава.

Во Северна Кореја владее сиромаштија во руралната средина и култ на личноста околу претседателот Ким Јонг Ун и неговото семејство, а во главниот град, резервиран за елитата, се работи од 10 до 12 часа дневно, шест дена во неделата. Иако пропагандата во земјата го напаѓа западниот империјализам, некои жители ги интересира западната култура а некои од учениците на Грифин од привилегираните семејства знаат и нешто за западните пејачи и филмови".


Песни и смеа

"Грифин на часовите немал проблеми со дисциплина, бидејќи сите биле построени како војници, но со време се релаксирале, посебно откако почнале да се среќаваат со него на улица и му раскажувале анегдоти од сопствените животи. Меѓу неговите колеги популарно е караокето, и често излегувале на такви вечери, каде се забавувале и смееле.

Грифин не се согласува со тврдењето дека секој кој ја посетува Северна Кореја ја поддржува нивната нуклеарна програма и режим. Вели дека, ако му останат пари турата која ја организира, ќе финансира предавачи и одржување на предавања на тамошниот универзитет.

Додава дека културната размена е од клучна важност поради погрешната перцепција на таа земја во светот". пишува Дан.

No comments

Powered by Blogger.