Зошто храната во авион е толку лоша?

Секој кој патувал со авион се прашува зошто храната во авион е многу полоша од истата која ја јадел дома, но одговорот ќе ве изненади. Причината што не уживаме во авионската храна не е неспособноста на некој готвач туку сме самите ние.



„Првото нешто што се губи на толкава височина е чувството за вкус“ објаснува Грант Мајклс, готвач за авиокопанијата Lufthansa. Тој вели дека квалитетот на храната и состојките потребни за нејзиното приготвување е еднаков со тој на копното, но нашите сетила се променети.

Оваа претпоставка е потврдена и од научниците од Институтот Fraunhofer кои тестирале вкусна храна од познати ресторани која го губела вкусот во симулирана авионска кабина под притисок.



Осетливоста за соленост и блажина опаѓа цели 30% при голема височина, а намалената влажност на воздухот во авионот влијае на вашето сетило за мирис што пак не ви овозможува правилно да уживате во храната која ви е сервирана.

No comments

Powered by Blogger.