Без Фотошоп: Старлетата покажала како навистина изгледа во бикини

Пишува: Точка

Старлетата која ја родила ќерката Дрим Рене пред пет месеци, уживала со пријател во „водни лудории“, а притоа го покажала целиот раскош на нејзината позадина...

28 – годишната Блек Чајна пловела со јахта со своите пријатели, а потоа храбро возела и џет ски. Поранешната девојка на Роб Кардашијан, со кого има ќерка, била облечена во едноделен костим за капење кој ги истаканл нејзините бујни облини.



Фотографиите кои ги снимиле љубопитните папараци го „фатиле“ славниот раскошен задник на старлетата на кој се гледа поголема количина на целулит. Иако има шпекулации дека ставила импланти, Блек Чајна никогаш не го признала тоа.



Многумина ја споредија поранешната девојка на Роб Кардашијан со неговата сестра Ким Кардашијан, чии папараци фотографии од плажа неодамна предизвикаа вистинска лавина на коментари.



На фотографиите се гледа дека Ким има целулит на задникот и бутовите, па поради тоа изгубила најмалку 100.000 следбеници на Инстаграм бидејќи, како што велат тие, се почувствувале „измамени“ затоа што славната Кардашијан ги ретушира своите фотографии.



Како што претходно споменавме, Блек Чајна (чие вистинско име е Анџела Рене Вајт) пред пет месеци ја родила ќерката Дрим Рене, чиј татко е Роберт Кардашијан. Таа неколку пати раскинувала и се смирувала со Роберт, а моментално парот не е во врска.



Старлетата има уште едно дете, синот Кинг Кер (4) со раперот Тајга, кој подоцна беше во врска со полусестрата на Роб Кардашијан – Кајли Џенер.









No comments

Powered by Blogger.