Човек починал откако отишол на пливање со свежо нацртана тетоважа!

Пишува: Точка

Во некои случаи, тетоважите можат да ви предизвикаат повеќе проблеми и компликации отколку задоволство.

Доколку одлучите да ги направите за пониска цена од страна на неверодостојно тату студио може да завршите со различни типови на кожни болести. Не е мала бројката на луѓе кои навистина се имаат покаено за ваквиот избор - во најмала рака само поради тоа што тетоважата едноставно не изгледала така како што побарале, туку ужасно.

Како и да е, она што најмалку го очекувате е дека тетоважата може да ве убие.

Неидентификуван маж фатил сепса и за жал починал откако отишол на пливање додека тетоважата се уште му била свежо нацртана. На 31-годишниот шпанец му било нагласено дека треба да почека најмалку две недели пред целосно да ја натопи во вода, но тој ги игнорирал советите и влегол во море, пренесува Daily Mail.




Наводно бактеријата започнала да му нагризува цели парчиња кожа од неговото тело што резултирало со смрт. Во извештаите од случајот пишува дека тој имал треска и црвени осипи пред неговата состојба да се влоши и да биде примен во болница.

Поради неговите навики на козумирање алкохол - по шест шишиња пиво на ден, неговиот црн дроб значително бил заслабнат па така ја закачил vibrio vulnificus инфекцијата.



Шпанецот примал антибиотици кои нажалост не дејствувале па само по 24 часа бил ставен на животна поддршка. Потоа се борел со септичен шок - кога телото ги напаѓа сопствените органи. Две недели подоцна бил на раб да биде испратен дома бидејќи изгледало како симптомите да се исчистени. Сепак, неговите бубрези наскоро откажале поради септичниот шок по што починал.

Доколку одлучите да се тетовирате ве предупредуваме да ги слушате советите кои ќе ви ги каже тату артистот откако ќе ве тетовира и не одете во близина на вода најмалку две недели.

Исто така никако немојте да употребувате крема за остранување на тетоважи на кои можете да налетате насекаде. Една жена (од многу слични случаи) останала со ужасни лузни на телото откако се обидела да ја отстрани со помош на "крема за отстранување тетоважи" ...

Наместо да подлегне на традиционалната постапка за остранување на тетоважи со помош на ласер, Пасуда Риа одлучила да употреби крем за остранување на тетоважи - еве како изгледала тетоважата пред да одлучи да ја отстрани.
Но, одеднаш се чини дека инфекција започнала да се вгнездува и да ја нагризува кожата.
Евентуално тетоважата "отпаднала" ...
Но кутрата Пасуда е осудена да живее со лузната засекогаш ...
Од овие причини, нагласуваме - бидете внимателни каде се тетовирате, кој ве тетовира, како ќе ја третирате тетоважата првите месец дена по тетовирањето и запомнете - никогаш немојте да користите препарати за отстранување на тетоважи на своја рака.

No comments

Powered by Blogger.