Голема победа за семејството на Михаел Шумахер

Пишува: Точка

Семејството на Михаел Шумахер победило на судот во Хамбург и ќе добие финансиска оштета од списанието "Bunte" поради невистините информации за здравствената состојба на несреќниот седумкратниот шампион.

Германскиот великан страдал на скијање во 2013. година, се здобил со тешки повредни на главата и со месеци бил во кома. Семејството го изолирало од јавноста, за да ја заштити неговата приватност, но и за Михаел да го добие неопходниот мир за заздравување.



Но, некои медиуми на сите начини се обидувале да дојдат до било какви вести, а некои отишле и толку далеку што почнале да шпекулираат и да објавуваат информации кои немале врска со вистината.



Така списанието Bunte, две години по несреќата пишувало дека Михаел можеби ќе прооди, но тоа за жал не било вистина.



Семејството одлучило да поднесе тужба поради тие лаги со кои им се давала лажна надеж на фановите на Михаел, а судскиот процес се одвивал до ден денес, кога судот во Хамбург пресудил во корист на најуспешниот возач на Формула 1 на сите времиња.



Bunte мора на семејството Шумахер да му исплати 50.000 евра, и да плати 65 проценти од правните трошоци.


Тоа е голема победа за Михаел и неговото семејство, кои неодамна изгубиле судски спор против списанието Die Aktuelle.

No comments

Powered by Blogger.