Хорор од излет: Морски лав зграбил девојче и го повлекол во вода

Пишува: Точка

Еден студент објавил видео во кое се гледа како морски лав фаќа девојче на пристаништето и го влече во вода.

Инцидентот се случил во саботата во предградието на Ванкувер - Ричмонд, а студентот кој го снимил видеото за CBS рекол дека некои ученици го хранеле морскиот лав.

Како што се наведува, животното скокнало од водата директно кон девојчето кое седело и се смеело.
Таа седнала на работ на оградата, но во еден момент големиот цицач ја зграбил за облеката и ја повлекол во вода, додека луѓето тоа го гледале и врискале.

Морскиот лав исчезнал кога еден маж скокнал во водата и му помогнал на девојчето да излезе. Експерт за морски цицачи рекол дека морскиот лав најверојатно мислел дека облеката е храна.

No comments

Powered by Blogger.